На новата црно-бела фотографија се гледаат трите насмеани и среќни деца на Вилијам и Кејт седнати на столчиња.

Сите се облечени во бели кошули и црни панталони.
-На сите ви посакуваме среќен Божиќ, од нашето семејство до вашето“, стои во објавата на социјалните мрежи.
Објавата доби многу честитки и позитивни коментари.
Скоро сите беа воодушевени од симпатичната фотографијата и прекрасните деца на неа.

Кралското семејство традиционално со семејна фотографија им го честита Божиќ на граѓаните

