Видео: Прегранати чекаат спас од надојдената вода: „Таа не знае да плива“

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Прегранати чекаат спас од надојдената вода: „Таа не знае да плива“

Хиларио Рејноса и Елодија Рејес едвај успеаа да се спасат во поплавите што ги опустошија централните и источните делови на земјата.

Тие поплави однесоа десетици животи, а многумина сè уште се водат како исчезнати.

Нивната куќа во Поза Рика, Веракруз, беше уништена, по што беа згрижени од соседите.

„Силна струја дојде и ја однесе. Нурнав да ја барам, но не можев да ја најдам“, опиша Рејноса како ја барал својата сопруга, која не знае да плива, објавува France24.

„Таксистот ми рече дека ја видел. Потоа ѝ викнав да не се помрднува од место затоа што доаѓам. И пливав во таа насока“, рече тој.

Кога стигнал до местото каде што била неговата сопруга тој ѝ рекол на жена си да го фати околу вратот и така, со неа на грб, допливал до куќата. Се искачиле на покривот и останале таму до зори. Водата им стигнала до половината, а потоа еден сосетката пристигнала со чамец и успеала да ги извлече од големата вода.

„Таа дојде да нè спаси и нè однесе во својата куќа. Нè прими, ни даде храна. Толку љубезна жена“, истакнал Рејес.

„Понекогаш дури и не знаете кои се овие луѓе, но тие имаат добро срце. Тоа е најубавото нешто“, додаде нејзиниот сопруг.

Рејноса сега бара помош за обнова на нивната куќа, но вели дека е благодарен за сè што има.

„Фала му на Бога што е жива“, рече тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата