Видео: Ова е најкраткиот лет во светот

16.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Ова е најкраткиот лет во светот

Авиокомпанијата  „Orknej Interisland“ оперира со превозот  од Кирквол  до Северните острови во Шкотска.

Ова вклучува посебен феномен, тоа е најкратката авиолинија во светот помеѓу островот Вестреј и Папа Вестреј, каде што патувањето трае цели 90 секунди.

Секој остров во архипелагот Оркни на северот на Шкотска има своја уникатност и сите се совршени за гледање птици, прошетка и релаксација на плажата покрај старите светилници.

Сето ова им е достапно на туристите благодарение на компанијата „Orkney Interisland“, која им овозможува на туристите да ’скокаат’ од остров на остров, пишува TU Magazine.

Сепак, летањето не е баш најудобното искуство.

Во кабината на малиот авион има само осум седишта, а бучавата од моторот е немилосрдна.

Во самиот авион нема погодности, нема храна, пијалоци или тоалети. Сепак, има нешто посебно во овој лет што доколку не сте го знаеле претходно, би го сфатиле по речиси две минути патување.

За само 90 секунди авионот е повеќе на писта отколку вовоздух, ќе слета на пистата.

Инаку, цената на еден ваков лет е околу 39 евра, повратен билет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jonathan Ford (@papayranger)

Според Гинисовата книга на рекорди, ова е најкратката авионска линија во светот, долга само 2,7 километри.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата