Видео: Најголемата пајакова мрежа откриена во пештера на грчко-албанска граница

7.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Најголемата пајакова мрежа откриена во пештера на грчко-албанска граница

Повеќе од 111.000 пајаци ја формирале оваа неверојатна структура, а откриена е пред два дена од страна на биолози од унгарскиот универзитет во Романија.

Интересно е тоа што, мрежата ја формирале пајаци од два различни вида, за кои досега се сметало дека се противнички.

Мрежата се протега на неверојатни 106 квадратни метри по ѕидот на тесен, низок премин во постојано темна област во близина на отворот на сулфурна пештера, објави LiveScience.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Geografski kutak (@geokutak)

„Мора да го доживеете за навистина да знаете какво е чувството“, рече водечкиот автор Иштван Урак, вонреден професор по биологија на унгарскиот универзитет Сапиенца во Трансилванија во Романија.

„Ако треба да се обидам со зборови да ги опишам сите емоции што ме преплавија кога ја видов пајажината, би нагласил восхит, почит и благодарност“, додава тој.

Оваа гигантска пајажина се наоѓа во Сулфурната пештера, која е издлабена од сулфурна киселина формирана со оксидација на водород сулфид во подземните води. Иако истражувачите открија фасцинантни нови информации за колонијата пајаци во пештерата, тие не се првите што ја гледаат оваа огромна пајажина. Спелеолозите од Чешкото спелеолошко друштво ја открија во 2022 година за време на експедиција во кањонот Вромонер.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата