Во еден момент сончање и уживање во природата, а во следниот – сцени како од филмови за катастрофи! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич и со бучава мина покрај изненадените луѓе.
Иако изгледа како мини-торнадо, станува збор за метеоролошки феномен познат под морничавото име – „песочен ѓавол“.
Овој феномен е исклучително редок во Европа, но сушите и екстремните топлотни бранови буквално ја менуваат климатската слика на континентот и ни носат пустински сцени! Што точно претставува „песочниот ѓавол“?
„Песочниот ѓавол“, или песочниот вител, претставува ротирачки столб од воздух што од земјата крева прашина, песок, сува трева и ситни остатоци.
Иако по форма наликува на торнадо, тој настанува на сосема поинаков начин и во сосема поинакви временски услови! Торнадото настанува од буноносни облаци и е поврзано со лошо време, грмежи и дожд, додека „песочниот ѓавол“ се појавува под сосема ведро небо, за време на жешки и сончеви денови без ветер!

