Видео- фото: Рекорден снег во Москва- над 60 см по 32 години

30.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео- фото: Рекорден снег во Москва- над 60 см по 32 години

-Според  референтната метеоролошка станица ВДНХ, како резултат на непрекинатото паѓање на снег, неговото ниво порасна на 61 сантиметар, што претставува зголемување од три сантиметри за 24 часа, изјави за РИА Новости, Евгениј Тишковец, водечки експерт на метеоролошкиот центар Фобос. Тој нагласи дека во центарот на престолнината, во Балчуг, висината на снегот изнесува 69 сантиметри, а во Тушино 63 сантиметри, и со тоа е соборен рекордот на висината на снежните наноси од 1994 година, кога изнесувал 61 сантиметар.

-Во Московската област најголеми снежни врнежи има во Черустуј-68 сантиметри, Серпухов- 66 сантиметри, Коломна- 65 сантиметри и Волоколамск- 62 сантиметри, додаде тој. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата