Вело турата, како што наведуваат, во должина од 90 километри, е по повод Денот на Европа, а ќе се реализира Струга - Поградец – Охрид – Струга.
- Учесниците може да очекуваат заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата позабавна, полициска и медицинска поддршка за безбедно искуство, брендирани материјали за учесниците и заеднички финиш и ручек како завршница на денот, соопшти Европска куќа Струга.
Бројот на учесници, како што е наведено, е ограничен по принсипот прв пријавен – прв услужен.

