Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

18.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Македонските урбани моторџии по десетти пат земаа учество во глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан, од кој собраните донации одат во лондонската фондација „Мовембер“, по што се распределуваат низ институции фокусирани кон превенција на машкото здравје.

Секоја година во Скопје е се поголем интересот за учество, вели организаторот на настанот Игор Стефановски. Тој раскажува дека движењето започнало во Сиднеј во 2012 година од група на моторџии, во чест на нивен пријател кој починал од рак на простатата, а со цел на несекојдневен начин да привлечат внимание и да ја зголемат свеста на глобално ниво за превенција од болеста, за денес овој настан да прерасне во најголем собир на мотоцилкисти на светско ниво.

100.000 мотоциклисти од над 100 држави низ целиот свет учествуваат во движењето. Годинава во Скопје има рекорден број учесници на настанот, речиси 200.  Да се биде дел од ваков настан е особена чест – велат дел од мотоциклистите кои земаа учество.

Скопје е дел од движењето од 2016 година. За 10 години учество зеле 1300 моторџии , а собрани се над 20.000 долари...На глобално ниво пак од основањето на движењето се собрани над 50 милиони долари.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата