Емоционалните и финансиските потреби честопати стануваат понапорни во зрелата возраст. Ако возрасното дете постојано очекува помош, но ретко покажува благодарност, можеби е време да ја препознае непријатната вистина - можно е да покажува знаци дека е разгалено, вели психологот и терапевт Џефри Бернштајн. Тој издвојува уште неколку знаци кои укажуваат на разгалено возрасно дете.
1. Очекуваат помош, но не ја ценат
Кога возрасното дете ја гледа родителската помош како право, а не како подарок, тоа може да укажува на чувство дека сè му припаѓа нему. „Ако нема благодарност и ако често ви предизвикува чувство на вина кога ќе одбиете да му помогнете, на родителот може да припадне улогата „банкомат“.
2. Очекуваат да ги решите нивните проблеми
Некои возрасни деца не преземаат одговорност за последиците од сопствените одлуки, туку очекуваат нивните родители да го преземат товарот. Психологот посочува: "Тие одбиваат да работат, не учествуваат во домашните обврски и избегнуваат планови за во иднина, потпирајќи се на родителската поддршка како на нешто што се подразбира. Важно е да се постават граници и да ги поттикнете сами да размислуваат за следните чекори".
3. Ви предизвикуваат чувство на вина кога поставувате граници
„Кога возрасно дете реагира со манипулација, емоционална уцена или гнев затоа што не му угодувате, ова е форма на разгалено однесување. Родителите тогаш често се чувствуваат растргнати помеѓу желбата за мир и потребата да ги заштитат сопствените граници", вели Бернштајн. Важно е да останете доследни и љубезни, и да им ставите до знаење дека поставувањето граници е дел од здравиот однос, а не отфрлање.
„Не е себично да барате поголема рамнотежа и почит во односот со возрасните деца. Ова покажува самопочит, одговорност и зрелост. Иако чувството дека сè им припаѓа можеби се развило со текот на времето, никогаш не е доцна да го вратите мирот во односот - и да ги охрабрите децата да станат возрасни какви што можат да бидат“, заклучува психологот.