Но, паровите кои се заедно со децении често откриваат подлабоки, помалку популарни вистини кои се подеднакво важни, вели психологот Марк Траверс. Таа тврди дека овие лекции не се секогаш пријатни, но можат да помогнат врската да преживее и да стане посилна со текот на годините.
1. Искреноста не е доволна
„Иако искреноста често се смета за фундаментална вредност на секоја врска, таа сама по себе не е доволна ако не е придружена со внимание. Кажувањето на вистината без претходно размислување може да наштети, а не да поврзе. Во долгорочните врски, не е важно само што се кажува, туку и како се кажува“, објаснува Траверс за „Психологија денес“.
Тонот, времето и вниманието со кои се изразува искреноста честопати се поважни од самата информација.
2. Ќе мора да се откажете од некои ваши делови
Одржувањето здрава врска понекогаш бара лична промена.
Психологот наведува: „Ова може да значи откажување од одредени однесувања, ставови или улоги кои повеќе не ѝ користат на заедницата. Успешните парови не се оние кои остануваат исти, туку оние кои се подготвени да се променат и да се адаптираат за врската да расте заедно со нив.“
3. Ќе тагувате по верзијата на врската каква што била некогаш
Дури и во среќните бракови, природно е да се чувствува тага за минатите фази од врската - без разлика дали станува збор за полесниот начин на живот во минатото, слободата или верзијата на вашиот партнер и себеси кои повеќе не постојат.
„Препознавањето на таа тага не значи дека нешто не е во ред; напротив, може да биде знак дека врската еволуира. Наместо да ги игнорираат тие чувства, паровите кои траат наоѓаат начини да ги негуваат заедничките спомени додека се движат напред“, заклучува Траверс.