Секое седо влакно е болен потсетник дека времето незапирливо тече. За некои изминувањето на уште една година не е повод за благодарност, туку извод на немир, бидејќи не можат да престанат да размислуваат на стареењето.
Сепак, според стручните лица, иако се појавиле првите знаци на стареење, имате доволно време да ги промените навиките и да ги прифатите годините што доаѓаат. Ова се најдобрите методи за самоприфаќање.
Прифатете ги брчките и мудроста
Старееме и тоа не можеме да го спречиме, наместо да се противиме на неизбежното, важно е да го прифатиме и да го промениме начинот на кој говориме за сопственото стареење.
Секоја брчка, секое седо влакна треба да бидат знак на честа и доказ за искуствата и мудроста што сме ги стекнале.
2. Напуштање на илузијата за вечна младост
Да бидеме искрени – нашето општество е опседнато со младоста. Од реклами за креми против стареење и обожување на млади славни личности, па сè до неуморното тежнеење за задржување на младешкиот изглед, постојано сме бомбардирани со пораката дека младоста, убавината и привлечноста доаѓаат една со друга.
Сепак, вистината е дека ваквиот поглед не само што е нереален, туку е и длабоко погрешен. Тој поттикнува страв од природниот тек на животот, а истовремено ја занемарува убавината и мудроста што доаѓаат со годините.
3. Развивање чувство на контрола врз сопственото искуство
Во текот на ова патување на откривање и прифаќање, важно е да се сфати дека „проблемот“ со стареењето не е изолиран; не се соочуваме со него само како поединци. Тоа е длабоко испреплетено со начините на размислување, општествените норми и личните очекувања.
Преземањето одговорност за сопствените чувства во врска со стареењето, иако тие чувства се во голема мера обликувани од општеството, претставува клучна пресвртница, а стекнувањето чувство на контрола врз сопствениот живот носи огромно олеснување.
Извор: sensa.story.hr

