Татко и син пронашле заб, што му припаѓал на огромно чудовиште старо 3,6 милиони години (ВИДЕО)

18.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко и син пронашле заб, што му припаѓал на огромно чудовиште старо 3,6 милиони години (ВИДЕО)

Тие случајно пронајдоа огромен заб од чудовиште и сфатија дека мора веднаш да им го покажат на експертите, објавува Њујорк пост.

Заглавени во тесен отвор

„Никогаш ни во милион години не би помислил дека ќе најдеме нешто вакво. Мојот син беше без зборови“, рече подоцна Бауерс.

Таткото и синот одеа по карпест насип кога го забележаа забот - заглавен во тесен отвор. Бауерс не можеше да ја протне раката низ пукнатината и да го извади, но неговиот син го стори тоа без поголеми проблеми.

„Колената ми се тресеа“, рече Бауерс, објаснувајќи дека експертите подоцна потврдија дека станува збор за заб од мегалодон, огромна праисториска ајкула.

Овој морски предатор можел да порасне до 18 метри и изумрел пред повеќе од 3,6 милиони години.

Особено значајно откритие

Фосилите од ова праисториско суштество се многу ретки во Њу Џерси. Според Државниот музеј, во таа држава се пронајдени помалку од пет мегалодонски заби.

Тоа го прави откритието на семејството Бауерс особено значајно.

Истражувачите веруваат дека забот веројатно бил исфрлен на брегот за време на проект за рекултивација и реставрација на плажата што го спроведе американската армија во јули.

За време на таквата работа, песок се носи од области далеку од брегот и се користи за проширување или реставрација на плажата. Доколку материјалот бил земен неколку километри од брегот, фосилниот заб можеби бил транспортиран со него.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата