Тајландскиот Врховен суд прифати постапки против 44 политичари од опозицијата обвинети за навреди на Монархијата

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајландскиот Врховен суд прифати постапки против 44 политичари од опозицијата обвинети за навреди на Монархијата

 Врховниот суд на Тајланд прифатил да ги разгледа обвиненијата поднесени против 44 актуелни и поранешни пратеници на опозицијата, обвинети дека го прекршиле етичкиот кодекс со политичката иницијатива од 2021 година за измени на законот за заштита на монархијата од критики.

Меѓу 44-те обвинети чие судење треба да започне на 30 јуни, се членови и поранешни членови на прогресивната Народна партија и поранешното „Движење напред“.

Доколку бидат прогласени за виновни, на обвинетите може да им биде изречена доживотна забрана за извршување јавни функции. Судот донесе одлука да не суспендира десет актуелни пратеници кои се меѓу обвинетите.

Во последните години стотици лица се прогонувани поради нарушување на одредбите од строгиот тајландски закон за навреда на Монархијата, за што се предвидени казни и до 15 години затвор. Опозицијата се обиде да го измени законот, тврдејќи дека се користи за политичка репресија.

Прифаќањето на случајот од Судот претставува нов удар за либералната опозиција во Тајланд, која поради низа судски одлуки не успеа да формира влада по победата на изборите во 2023 година. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата