Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Сопругот на Серена Вилијамс опериран: Биопсијата покажала дека е поопасно отколку што изгледало

30 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Сопругот на една од најдобрите светски тенисерки во историјата, Американката Серена Вилијамс и коосновачот на Редит Алексис Оханијан откри дека неодамна бил опериран поради „сомнителни јазли“ на тироидната жлезда за кои лекарите му рекле дека може да стане канцероген.

Оханијан на Инстаграм објави три фотографии, првата е од болница, а на другите се неговата 7-годишна ќерка Олимпија и 15-месечната ќерка Адира, кои ги имал со тенисерот.

„Откако следев некои сомнителни јазли на мојата тироидна жлезда во изминатите четири години, неодамна ми беа отстранети половина од нив хируршки. Јазлите стануваа се поголеми и последната биопсија покажа дека е голема веројатноста да станат канцерогени. Мајка ми имаше рак на дојка на слична возраста , а потоа таа на крајот почина од рак на мозокот десет години подоцна, мразам рак“, напиша тој во описот.

„Не сакав да ризикувам. Особено сум благодарен за Денот на благодарноста бидејќи утрово добив повик кој потврди дека половината од тироидната жлезда што ми беше отстранета навистина е полна со некои грутки јазли кои многу веројатно ќе станат канцерогени. Најлошиот дел, да бидам искрен, е што не можам да вежбам во теретана две недели, но големиот човек ќе се врати следната недела.

Ги одведов моите девојки во Дизни ворлд оваа недела, така што животот е убав. Мажи, закажете ги тие прегледи на лекар, особено ако сте татковци“, заклучил тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ