Снимка од погреб „ги запали“ мрежите- сите пеат и играат, дури и носачите на ковчегот (ВИДЕО)

17.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снимка од погреб „ги запали“ мрежите- сите пеат и играат, дури и носачите на ковчегот (ВИДЕО)

Необичната сцена брзо стана вирална и поттикна пораки за поддршка, но и зачуденост од корисниците, пренесува Lakalle Blu Radio.

Наводно во видеото ги гледаме семејството и пријателите на починатата жена, кои организирале погреб со танцување и песната „Coqueta“ на колумбискиот пејач Фајзар Орјуела.

Се тврди дека покојната цел живот барала нејзиниот погреб да биде прослава, па нејзините најблиски решиле да ѝ ја исполнат желбата.

@mayerlinbolivar_31

Tu cabezón contigo bailandote como querías 💔

♬ sonido original - 💖Tu Gordita_31💖

Корисниците на социјалните мрежи различно реагираа на видеото. Некои го пофалија семејството за почит кон починатата.

 „Секој заслужува да биде испратен на свој начин. Честитки до семејството за исполнувањето на последната желба“, напишало едно лице.

Други, пак, изразија критики, посочувајќи дека моментот може да се протолкува како непочитување.

„Тажно е што луѓето се потсмеваат на толку болен момент“, „Ако умрам, ве молам немојте да го правите ова“, беа дел од пораките.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата