Женката, по име Рауна, била опкружена со други женки кои активно ѝ помагале за време на породувањето, што е исклучително ретко во животинското царство, објавува „Гардијан“.
Самото породување траело околу 34 минути, а веднаш по раѓањето, другите женски китови го турнале младенчето на површината за да може да дише воздух.
Истражувањето покажува дека овој вид помош за време на породувањето од неповрзани лица е многу редок и речиси непознат кај животните освен приматите.
Научниците, исто така, забележале промени во комуникацијата меѓу китовите, што укажува на координација и заштита на младенчето.
