Си-Би-ЕС: Се очекува Бајден да присуствува на погребот на папата Франциск

25.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Си-Би-ЕС: Се очекува Бајден да присуствува на погребот на папата Франциск

Бајден одржуваше блиски работни и лични односи со папата Франциск уште од посетата на покојниот папа на САД во 2015 година. „Иако конечните детали сè уште не се утврдени, Бајден има намера да присуствува“, велат изворите.

Папата Франциск го започна својот понтификат во 2013 година за време на администрацијата на Барак Обама, но поранешниот американски претседател не планира да присуствува на погребот, според неговиот портпарол.

Претседателот Доналд Трамп и првата дама на САД Меланија Трамп денеска треба да летаат за Рим за погребот во сабота.

Папата Франциск, кој со месеци имаше здравствени проблеми, почина во понеделникот на 89-годишна возраст од мозочен удар. Од среда, ковчегот со неговото тело е изложен во базиликата „Свети Петар“, каде што десетици илјади граѓани дојдоа да му оддадат последна почит.

Службата за протокол на Државниот секретаријат на Ватикан вчера соопшти дека досега 130 делегации потврдиле дека ќе присуствуваат на погребот на папата Франциск во сабота. Според соопштението, меѓу присутните делегации ќе бидат околу 50 шефови на држави и 10 актуелни монарси. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата