Шпанија со рекордни резерви на злато

3.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанија со рекордни резерви на злато

Зголемувањето првенствено ја одразува огромната побарувачка за злато на меѓународниот пазар како безбедно засолниште во година обележана со геополитичка и финансиска неизвесност.

Но, во Шпанија, златото никогаш не е само сметководствена ставка, туку и прашање на историско сеќавање, а малку изрази имаат толку тежина како „московското злато“, една од најконтроверзните епизоди во шпанската економска и политичка историја на 20 век, пишува „Еуроњуз“.

Шпанија моментално поседува околу 281 тони злато, кое се чува во Банката на Шпанија и на депозити во САД, Обединетото Кралство и Швајцарија, според Светскиот совет за злато. Ова злато не е поврзано со количините испратени во СССР, туку е резултат на децениска монетарна политика, европска интеграција и управување со средства во рамките на Евросистемот.

Рекордно ниво на резерви во 2025 година не значи дека Шпанија го вратила изгубеното злато. Напротив, тоа го одразува порастот на цената на металот на меѓународните пазари. Денес, златото повеќе не служи како целосен поддржувач на националната валута, ниту се користи за финансирање војни. Наместо тоа, тоа функционира како средство кое обезбедува стабилност, влијание и доверба во глобализираниот финансиски систем. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата