Џон Бeрк интервјуирал луѓе кои доживеале тешки несреќи и бил изненаден од она што го слушнал од нив.
Американскиот писател Џон Бeрк поминал години проучувајќи едно од најмистериозните и најемотивните искуства – моментите непосредно пред клиничка смрт. Во состав на подготовките за својата нова книга “Imagine the God of Heaven”, Берк разговарал со 70 луѓе од различни континенти, култури и верски позадини кои преживеале искуства блиски до смртта.
Иако потекнувале од различни краеви на светот, сите опишале речиси идентично искуство: присуство на светлина и љубов, кои многумина ја поистоветувале во Бог.
-Замислете ја сета љубов што сте ја почувствувале во животот и помножете ја со 1000. Тоа велат дека го доживеале овие луѓе – рекол Берк говорејќи за сведоштвата на луѓето кои тврдат дека биле во божјо присуство.
Опишаните искуства се засновале на реални сведоштва на луѓе кои се нашле на работ од смртта како последица на траума и престанување на мозочната активност, срцев застој или длабока анестезија. Некои од испитаниците тврделе дека го гледале сопственото тело додека лекарите го реанимирале, додека други, пак, опишувале глетки од чекалните или детали кои физички не би можеле да ги знаат.
Еден од највпечатливите примери е жена по име Мери која „умрела“ на пораѓај и наводно, се сретнала со Бог. Почувствувала огромна љубов и прошка, а потоа се вратила со опишаните случувања што не можела да ги види освен на натприроден начин.
Берк признава дека некогаш бил скептик кога станува збор за религијата, но овие искуства го промениле.
Едно од највпечатливите сведоштва било од хиндуистот Сантош, кој раскажал дека видел „свет град со 12 порти и ангели“, глетки кои се поклопуваат со описите од Библијата, иако Сантош никогаш не ја читал. Берк смета дека тоа искуство дополнително ја потврдува автентичноста на визиите, иако признава дека останува отворено прашањето како воопшто можел да дојде до тој библиски приказ на задгробниот живот.
Заедничката нишка на сите исповеди е силното чувство на љубов, светлина и мир. Многумина кои доживеале такви искуства изјавиле дека всушност не сакале да се вратат во земскиот живот, колку тој да им бил мил, бидејќи тоа што го почувствувале таму, не можело да се спореди со ништо што го доживеале на Земјата.
Беркoвото дело предизвикува бројни расправи помеѓу научниците и теолозите, но она што не може да се игнорира е поклопувањето на сведоштвата на луѓето од различни средини. Како што вели авторот: „Ако сите го гледаат истото, мора да постои нешто повеќе зад тоа“.