Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Се одржа традиционалниот планинарски марш Голак 2023

18 септември 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На традиционалниот настан како што информираше претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски учествуваа планинари од земјава и Р. Бугарија, кои заеднички поминаа маршрута долга 26 километри.

– Маршрутата беше кружна патека почнувајќи од град Делчево на 595 метри надморска висина движејќи се преку населбата 1 Реон, до двата врва Чавка на 1538 м.н.в., потоа Мала Чавка (Св. Пантелејмон) 1508 м.н.в и враќање преку населбата Трети Реон во вкупна должина од 26 км, рече Чучуковски.

Планинарскиот марш како што додаде завршил со доделување на благодарници и заедничко дружење во дворот на Шумска Вила.

– Маршот беше пријавен во Федерацијата за планинарство, а беше поддржан од Општина Делчево и повеќе спонзори на кои им се заблагодаруваме за несебичната поддршка како и на дел од нашите членови за логистичката поддршка. Голема благодарност и на нашите младинци од младинската секција, додаде Чучуковски.

Делчевскиот планинар додаде дека маршот поминал во одлична атмосфера, со тоа што сите успеале да ја поминат патеката.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ