Сара Малали е 106-ти надбискуп на Кентербери и прва жена на оваа функција

26.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сара Малали е 106-ти надбискуп на Кентербери и прва жена на оваа функција

Шеесет и тригодишната поранешна медицинска сестра, која е мажена и мајка на две деца, положи заклетва пред околу 2.000 луѓе, меѓу кои беа и британскиот премиер Кир Стармер, принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кетрин.Малали станува највисоко позиционираниот религиозен лидер на црквата на Англија, наследувајќи го Џастин Велби, кој поднесе оставка  по критиките за неговото справување со скандал поврзан со физичко и сексуално насилство.

Сара Малали е 106-ти надбискуп на Кентербери и прва жена на оваа функција. Таа ќе биде духовен водач на 85 милиони Англиканци во 165 земји.

Седејќи на камениот трон од 13-тиот век на свети августин, таа ја одржа својата прва проповед пред претставници на Англиканската црква и други вероисповеди, како и пред службеници на британската национална здравствена служба.

Малали пристигна во Кантербери во неделата, по шестдневен аџилак пеш од Лондон. Ракоположена за свештеник во 2002 година, таа во 2018 година стана првата жена епископ на Лондон.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата