Редок ФЕНОМЕН НА НЕБОТО НА КРАЈ НА МАРТ

22.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Редок ФЕНОМЕН НА НЕБОТО НА КРАЈ НА МАРТ

Љубителите на астрономијата ги чека „небесно уживање“ на крајот на март, бидејќи од Земјата истовремено ќе бидат видливи дури пет планети од Сончевиот систем.

Од 28 март Јупитер, Меркур, Венера, Уран и Марс ќе бидат позиционирани во толку мал опсег што ќе бидат забележливи од нашата планета.

Експертите советуваат дека штом сонцето ќе зајде тој ден, да почнете да набљудувате со двоглед за да го видите Јупитер со светлинска величина -2,1 и Меркур со светлинска величина -1,3 од хоризонтот.

Според Унилад, планетите ќе изгледаат како „два светли објекти“. Венера ќе биде со магнитуда -4, а Уран ќе биде малку потежок за гледање, со магнитуда 5,8, но ќе биде видлив ако сте на добро место и имате силни двогледи  или телескоп

Истото важи и за Марс, кој се приклучува на линијата поблиску до Месечината.

Иако најдобар ден е 28 март, необични појави на небото ќе можете да забележите неколку дена подоцна, но со помош на телескоп.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата