Работници при ископ на канализациска цевка во Белгија, пронашле злато вредно 9 милиони евра.

15.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Работници при ископ на канализациска цевка во Белгија, пронашле злато вредно 9 милиони евра.

Богатството е пронајдено пред четири дена за време на реновирањето на објект во градот Дендермонде, во Источна Фландрија. Полицијата соопшти дека работниците ги повикале откако откриле „големо количество злато“.

Тие објавија фотографии на својата Фејсбук-страница на кои се гледаат околу 50 прачки и куп златни монети. Белгиските медиуми објавија дека богатството, проценето на 9 милиони евра, било пронајдено во ѕидовите на подрумот за време на реновирањето на куќа во сопственост на локалната хуманитарна организација „CAW Источна Фландрија“.

Градежен работник, со кого разговараше фламанскиот јавен сервис VRT, изјави дека првичната реакција на работниците била неверување и вчудоневиденост. „Наидовме на тоа додека копавме за канализациска цевка“, објасни човекот, кој беше претставен само како Кобе. „Секако дека не очекувавме да најдеме злато“, додаде тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата