За многумина прва асоцијација за лавандата се миризливите кесички исполнети со суви цветови од оваа билка што се чуваат во шкафовите со гардероба, штитејќи ја облеката од молци. За среќа, инсектите не го поднесуваат мирисот на лавандата, но таа е непроценливо корисна за луѓето, и тоа не само како природно решение за одбивање на инсекти.
Името на оваа билка која потекнува од Медитеранот, а денес се одгледува речиси секаде, потекнува од латинското име „lavare“што значи измие, испере. Според тоа, уште старите Римјани ја користеле лавандата за козметички и хигиенски цели, додавајќи ја во водата за капење. Во Европа, таа има значајно место во манастирските градини, каде се одгледува за лечење рани, а од XVII век се користи во Франција за производство на парфеми.
Покрај етеричните масла, цветовите на лаванда содржат и корисни танини (кои имаат антибактериски и антиинфламаторни својства), кумарини (кои имаат седативно и антиспазмолитичко, антиканцерогено дејство), фитостероли (кои имаат антиинфламаторно, антипиретичко дејство и го зајакнуваат имунитетот), антицијанини (со антиалергиско, антигабично својство) и минерални соединенија.
Бројни истражувања покажале дека лавандата има смирувачки ефект. Ако ве мачи несоница или тешко заспивате, ставете суви цветови и суви листови лаванда под перницата. За да ви траат подолго, ставете ги во платнена торбичка. Не само што спалната ќе ви мириса убаво, туку ќе се чувствувате опуштено. Се верува дека лавандата помага да заспиете полесно дури и после напорен и тежок ден.
Дури и ако водите здрав живот, се случува потешко да заспивате, да се будите во текот на ноќта и да имате кошмари.
Во тој случај, овој едноставен трик што го користеле нашите баби ќе ви биде од корист.