Повторно еруптира индонезискиот вулкан Лавтоби Лаки-Лаки

19.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повторно еруптира индонезискиот вулкан Лавтоби Лаки-Лаки

Вулканот Левотоби Лаки-Лаки, на туристичкиот остров Флорес еруптираше синоќа по полноќ, исфрлајќи густ пепел 1,2 километри над кратерот, потоа уследи уште една ерупција утрово.

На жителите од околните градови препорачано им е да носат маски за да се заштитат од вулканската пепел, а туристите се предупредени да не се приближуваат до кратерот на помалку од шест километри оддалеченост.

Исто така постои опасност од лизгање на земјиштето во случај на обилни дождови, поради што се загрозени заедниците лоцирани околу реките што извираат на врвот на вулканот.

Лавтоби Лаки-Лаки има два врвови и е висок 1.584 метри. Вулканот еруптираше во ноември минатата година, кога настрадаа девет лица, беа откажани десетина меѓународни летови, а беа евакуирани неколку илјади луѓе.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата