Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга осудени на 14 и седум годи затвор

17.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга осудени на 14 и седум годи затвор

Пакистанскиот суд денеска ги осуди веќе затворениот поранешен премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби Кан на 14, односно седум години затвор, откако ги прогласи за виновни за корупција, соопштија официјални претставници и неговиот адвокат.

Тие се осудени по обвиненија за корупција во случајот Tруст Ал-Кадир, каде Кан и неговата сопруга се обвинети за проневера на 190 милиони фунти, објавија пакистанските медиуми.

Судијата ја изрече пресудата во затворот Адиjала, каде се сместени обвинетите Кан и Биби, објави АРИ Њуз.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата