Светските нивоа на морскиот мраз паднаа на рекордно ниско ниво, а загревањето на планетата го подигна нивото на морето. Овие промени ги загрозуваат поларните мечки, кои живеат и ловат на сè помали ледени површини. Но и покрај таквите услови за живот, група поларни мечки на југот на Гренланд се обидува да се прилагоди на тешките услови за живот. Според истражувачите, таквите климатски промени се тесно поврзани со промените во ДНК на мечките.
Научен труд објавен во списанието „Мобајл ДНА“ (Mobile DNA) покажува дека уникатна група поларни мечки во најтоплиот дел на Гренланд користи „скокачки гени“ за брзо „препишување“ на својата ДНК, што може да се покаже како начин за преживување пред топењето на морскиот мраз, изјави одговорната истражувачка Алис Годен, постара научна соработничка на Универзитетот Англија во Велика Британија.
Авторите на студијата тврдат дека ваквите гени веројатно им помагаат на поларните мечки да се прилагодат на климатските промени.
Студија ја истражува изолираната популација поларни мечки на југот на Гренланд, која била помалку зависна од морскиот мраз. Групата се одвоила од заедницата мечки на северот пред околу 200 години, па нивната ДНК се разликува од северните мечки.
Истражувачите анализирале ДНК од 17 возрасни поларни мечки на Гренланд – 12 од постудениот североисток и пет од групата на потоплиот југоисток. Тие ја споредиле активноста на гените во двете популации и ја поврзале со климатските промени
Така, кај мечките од југоисток се забележани промени на гените поврзани со топлотен стрес, стареење, метаболизам и обработка на масти, што е важно кога храната е ограничена. Тоа навестува дека мечките „можеби се прилагодуваат на потоплите услови“, според студијата.
- Споредувајќи ги активните гени на овие мечки со локалните климатски податоци, откривме дека растечките температури доведуваат до драматично зголемување на активноста на „скокачките гени“ во ДНК на мечките од југосточен Гренланд. Различните групи мечки го менуваат различните делови од својата ДНК со различна брзина, и дека оваа активност е поврзана со нивната специфична околина и клима, вели Годен.
И покрај потенцијалната способност на мечките да се прилагодат на потопла клима и помалку мраз, Годен предупредува дека климатските промени остануваат реална закана.

