Погрешните одлуки влијаат погубно на нашиот живот, а ние тоа го нарекуваме судбина

2.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Погрешните одлуки влијаат погубно на нашиот живот, а ние тоа го нарекуваме судбина

Швајцарскиот психијатар и основач на аналитичката психологија, Карл Густав Јунг, на едноставен, но длабок начин, го осветлил едно од најстарите и најинтригантни прашања на човековата мисла: дали навистина постои судбина, можеме ли ние да ја обликуваме или нашиот живот е предодреден?

Судбина – мит или реалност?

Многу луѓе во тешки, безнадежни ситуации бараат утеха во верувањето дека постои повисока сила што управува со нивните животи. Од друга страна, кога животот тече непречено, кога постигнуваме успех или ги исполнуваме нашите соништа, честопати забораваме на идејата за судбина. Јунг токму во тоа го воочил клучот: она што го нарекуваме судбина е често одраз на несвесните процеси во нас самите.

Како Јунг гледал на судбината

Јунг еднаш рекол:„Ако не разбереме што се случува во нас, тогаш однадвор ни се чини дека тоа е судбина. Додека не ја освестите подсвеста, таа ќе управува со вашиот живот, а вие тоа ќе го нарекувате судбина.“

Овие зборови носат силна симболика. Според Јунг, судбината не е надворешна сила што дејствува независно од нас, туку одраз на нашата несвесна психа. Потсвеста, преку автоматизирани реакции, навики и модели на однесување, ги обликува нашите постапки и нивните последици. Ако не станеме свесни за овие внатрешни процеси, лесно е да веруваме дека нашите постапки и настани се „предодредени“ или резултат на судбината.

Моќта на навиката и несвесното

Јунг често истакнувал дека нашите навики се како семе: она што го сееме во нашата потсвест, подоцна никнува во реалниот живот. Една стара поговорка го сумира тоа: „Кој сее навика, жнее судбина“.

Да се освести нашата потсвест значи да се разберат длабочините на нашата сопствена психа - нашите мисли, емоции и внатрешни конфликти. Тоа е процес на интроспективен и духовен раст, кој ни овозможува да ја преземеме контролата врз сопствениот живот. Кога ги осветлуваме скриените делови од себе, стануваме способни свесно да ги избираме нашите реакции, да ги обликуваме односите и да создаваме живот во согласност со нашите сопствени вредности.

Зошто судбината изгледа несфатлива?

Јунг верувал дека чувството оти судбината ги контролира нашите животи често произлегува од неможноста да ги разбереме сопствените постапки и нивните последици. Тој идентификувал неколку причини зошто судбината изгледа мистериозна:

Недостаток на увид во сопствените мотивации и внатрешни процеси.

Несвесни навики и модели на однесување што ги саботираат нашите цели и среќа.

Феномени и настани што ни изгледаат нелогично или необјасниво, но имаат длабоко влијание врз нашите животи.

Честопати сè што не можеме да го објасниме или предвидиме го нарекуваме „судбина“.

Клучот е во работата на себе

За Јунг, клучот во разбирањето и обликувањето на судбината лежи во работата на себеси. Со развивање на подлабока поврзаност со сопствениот внатрешен свет, прифаќајќи ги и светлите и темните страни на нашата психа, човекот станува архитект на сопствениот живот. Судбината тогаш престанува да биде мистериозна сила и станува одраз на внатрешна хармонија или дисхармонија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата