Паѓа вредноста на авиокомпаниите: Цената на горивото расте, цената на авионските билети може да се зголеми

22.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паѓа вредноста на авиокомпаниите: Цената на горивото расте, цената на авионските билети може да се зголеми

Авиоиндустријата поминува низ најлошата криза од пандемијата на коронавирусот, бидејќи војната ја наруши работата на главните аеродроми низ Персискиот Залив и приземјелни се многу летови, се вели во извештајот.

Раководителите на авиокомпаниите, исто така, предупредија на можноста за недостиг на гориво, што предизвика дополнителни загрижености на почетокот на четвртата недела од војната на Блискиот Исток. Цената на авионското гориво, кое сочинува околу една третина од трошоците на авиокомпаниите, речиси е двојно повисока од почетокот на војната, што би можело да доведе до повисоки цени на авионските билети. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата