Ова е тајната на стабилните бракови во Јапонија

6.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е тајната на стабилните бракови во Јапонија

Кога станува збор за среќата, Јапонија се наведува како пример за општество во кое луѓето секој ден го доживуваат како можност за личен раст и развој.

Во јапонската култура, среќата не се гледа како нешто што доаѓа однадвор, туку тоа е состојба која внимателно се гради однатре преку почитување на малите и наизглед обични моменти што го сочинуваат животот.

Јапонците веруваат дека вистинското богатство не се мери со материјалните нешта, туку според способноста да се ужива во едноставноста, да се развива внатрешната снага, да се остваруваат целите и да се живее во склад со сопствените вредности.

На среќата се гледа како на личен „оствари сам“ проект – секој истовремено е и автор и одговорен за она што го создава. Истиот принцип се применува во бракот и партнерските односи.

За разлика од културата во која проблемите често се потиснуваат и игнорираат, во Јапонија се смета дека односот се чува токму при соочување со предизвиците. Кога бракот ќе западне во криза, јапонските парови применуваат принцип познат како „Ма“. Овој поим може да се опише како свесна и заедничка тишина, а не како бегство од проблемите, туку како начин да се смири внатрешната напнатост пред да се продолжи со разговор.

Во моментите на конфликт, паровите не влегуваат во расправи, не се објаснуваат и не се обидуваат веднаш да докажат дека се во право. Наместо тоа прават кратка пауза, без телефони, без контакт со очи и без разговор. Ја делат само тишината додека дишењето и телото не се смират. Дури потоа следи смирен, посвесен и појасен разговор.

Еден брачен пар од Токио, на ивица од развод, решил да го примени ова правило. После две недели, жената признала дека првпат успеала навистина да го слушне партнерот без потреба веднаш да се брани или оправдува.

Во западните култури, па и кај нас, тишината често се толкува како знак за оддалечување. Во Јапонија таа има сосема поинакво значење и претставува ветување дека партнерот нема да ја повреди другата страна додека е под силни емоции. Се смета за облик на почит и грижа за односот.

Кога ќе дојде до кавга, телото реагира на стресот и вознемиреноста, и изговорените зборови во таква состојба често го продлабочуваат конфликтот. Истражувањата покажуваат дека паровите кои го применуваат правилото „Ма“, од 4 до 7 минути би требало да се смират физички, по што повторно се способни да размислуваат јасно и емпатично.

Емоционалната зрелост според ова сфаќање, не значи дека секоја мисла мора веднаш да се изговори, напротив, таа подразбира разбирање дека понекогаш токму тишината го чува односот и му дава простор да зајакне и преживее.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата