Таткото на детето претходно му рекол на новинар кој вчера бил на улица и ги следел протестите во живо за Франс Инфо дека дошол на протестната прошетка со својот син „главно поради средношколците и студентите“, објавува Ле Фигаро.
Тој рекол дека се надева оти владата ќе биде повнимателна кон барањата на студентите.
„Единствениот што не слуша е Макрон. Макрон, мора да ги слушаш младите луѓе, тоа е најважното нешто“, рекол таткото на момчето, кој отворено ја изразил својата желба францускиот претседател да се повлече од таа позиција „што е можно поскоро“.
Потоа на едно осумгодишно момче му била дадена можност да ги изнесе своите причини за учество во протестот во микрофонот, велејќи дека мисли дека „Макрон е кретен, како сите тие лоши полицајци“.
Кога новинарот се обиде да ја смири ситуацијата, сугерирајќи дека можеби во емисијата во живо „не треба да се користат пцовки“, момчето продолжи да зборува, а неговите реченици беа нагласени со навреди упатени кон францускиот претседател.
Таткото на момчето ја заврши дискусијата велејќи дека „нема што повеќе да каже“ на новинарот.
По реакцијата за вклучувањето на осумгодишно дете во живо во емисијата за да коментира за протестите, новинскиот канал Франс Инфо денес издаде извинување.
„Раководството на Франс Инфо жали што детето даде навредливи коментари во живо за време на демонстрациите. Иако водителот одговори на овие коментари, не ни беше дозволено да му дадеме простор на детето. Упатствата во овој поглед беа повторени“, се вели во соопштението.
Демонстрациите во Париз и низ цела Франција се одржаа вчера, четврти викенд по ред, поради високите трошоци за живот, падот на куповната моќ на граѓаните и барањата за реформи и поголеми инвестиции во образовниот систем.
Според проценките на синдикатите, околу 75.000 луѓе учествуваа на протестниот марш во Париз, додека низ целата земја на улиците имаше помеѓу 146.000 и 250.000 демонстранти.

