Од 2 мај ќе се наплаќа за влез со кола во националниот парк „Шар Планина“

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од 2 мај ќе се наплаќа за влез со кола во националниот парк „Шар Планина“

Доколку возите автомобил или мотор, ќе треба да платите 150 денари. 100 денари повеќе ќе ги чини превозниците на комбиња или минибуси до 20 седишта, додека пак 450 денари ќе треба да платат автобусите и тешките моторни возила. Оваа цена како што соопштија од паркот, ќе важи за цел ден.

Ослободени од наплата пак, ќе бидат жителите на селата во рамките на паркот, сопствениците на приватни имоти и хотелски објекти.

Системот за наплата како што велат од паркот, ќе се развива во неколку фази, а првично истиот ќе важи само за недопрените предели на Шара. Туристите пак, кои одат до Попова Шапка, засега не се обврзани да платат влез.

Една од најголемите причини за воведувањето на наплата во паркот се возачите на четирицикли, кои во неколку наврати ги уништуваа патеките низ планината. Пред неколку дена, вработени во Националниот парк поставија дрвена заштита со цел да се спречи движењето на четирициклите над селото Бозовце.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата