Тој детално го изнесе својот став за неправдата што го снајде.
Најдобриот тенисер во историјата Србинот, Новак Ѓоковиќ, деновиве повторно е во центарот на вниманието на светската јавност но не поради резулати на тенискиот терен , причината за тоа е документарниот филм за еден од најдобриоте светски спортисти на сите времиња.

Меѓу темите во филмот „Новак Ѓоковиќ: Зимски волк“ е и една од најбурните епизоди во неговата кариера. Српскиот тенисер беше депортиран од земјата во пресрет на Австралија опен во 2022 година, по неколкудневна правна и политичка драма, а сега откри како сето тоа влијаело врз него.
Во споменатиот документарец, кој ќе се емитува на „Amazon Prime“, Ѓоковиќ тврди дека целиот случај немал никаква врска со здравствените прописи, туку дека бил главно политички мотивиран.
„Во тениските кругови ме нарекуваа негативец повеќе од кога било претходно. Тогаш бев светски негативец.“

Новак пристигна во Австралија невакциниран против коронавирусот, поради што прво му беше поништена визата, а потоа, по одлуката на судот, мораше да ја напушти земјата.
Особено го погоди фактот што, како што подоцна дознал, уште две лица – еден тенисер и еден тренер – влегле во Австралија врз основа на истото медицинско изземање.
„Подоцна дознав дека уште две лица, еден играч и еден тренер, влегле во земјата врз основа на истото медицинско изземање. Значи, сè беше политички мотивирано.“
Славниот тенисер – како и секогаш, искрен – овојпат нагласи дека никогаш не сакал да биде претставуван како дел од движењето против вакцинацијата.

„Тоа немаше никаква врска со медицината, ниту со што било друго. Сè беше политички мотивирано. Никогаш не реков дека сум против вакцините, ниту пак дека ги поддржувам.“ Тој додаде: „Дури и движењето против вакцинацијата ме сметаше за херој, а знаете дека никогаш не се поистоветував ниту со движењето против вакцинацијата, ниту со она за вакцинација, ниту со што било слично.“
Ѓоковиќ својот став го опиша како прашање на лична слобода.
„Јас се залагам за слободата да одлучувате што ќе правите со своето тело.“
Неговиот случај предизвика огромно внимание во Австралија, особено поради строгите епидемиолошки мерки што важеа во тоа време. Граѓаните беа ограничени во поглед на голем број слободи, вклучително и патувањето, посетите на семејството и присуството на погреби, што дополнително ја поттикна контроверзноста околу доаѓањето на Ѓоковиќ.
Австралиските власти тогаш тврдеа дека неговиот престој би можел да предизвика општествени тензии, додека Ѓоковиќ неколку години подоцна призна дека разбира зошто граѓаните биле револтирани. Сепак, и понатаму останува прашањето зошто токму српскиот тенисер го добил третманот што му бил приреден.
„Австралија беше една од земјите со најстроги мерки и најдолг карантин. Знам дека не сакаа некој како мене – кој е познат во таа земја и за кого сите знаат дека не е вакциниран – да дојде, да одигра турнир, да остане еден месец или колку и да е, а потоа да си замине, додека луѓето од Австралија не можеа да се вратат дома и не им беше дозволено тоа.“ И покрај тоа што денес има повеќе разбирање за реакцијата на јавноста, Ѓоковиќ не смета дека тој требало да сноси одговорност за околностите што довеле до неговото протерување од земјата. „До одреден степен разбирам дека го чувствуваа тој притисок, но тоа не беше моја вина“, заклучи најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во Истроијата, Ѓоковиќ.

