Нов Зеланд има најдобра рамнотежа меѓу животот и работата, според Глобалниот индекс за 2025 година

17.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов Зеланд има најдобра рамнотежа меѓу животот и работата, според Глобалниот индекс за 2025 година

Глобалниот индекс на рамнотежа меѓу животот и работата се заснова на индикатори и показатели како што се законскиот годишен одмор, боледување, платено породилно отсуство, минимална плата, пристап до здравствена заштита, просечно работно време неделно, безбедност и задоволство од животот. Во извештајот се наведува дека Нов Зеланд комбинира релативно кратка работна недела од 33 часа, 32 дена законски годишен одмор, 26 недели платено породилно отсуство и универзален систем за здравствена заштита.

Во првите 10 земји со најдобар баланс се Ирска, Белгија, Германија, Норвешка, Данска, Канада, Австралија, Финска и Шпанија.

Ирска е на второто место, главно поради комбинацијата од висока минимална плата, 30 дена одмор по закон, 26 недели платено породилно отсуство и многу добри безбедносни евиденции. Просечната работна недела тука е 34,3 часа, што е меѓу подобрите резултати во Европа. Белгија се најде на третото место, со релативно кратка просечна работна недела од 34,1 час, 30 дена годишен одмор и стабилна социјална заштита.

Германија е веднаш зад нив, со просечна работна недела од 33,2 часа, 30 дена законски одмор и високо ниво на институционална безбедност.

Норвешка е петта, откако постигна особен напредок благодарение на своите политики за родителство. Извештајот наведува 35 дена одмор, 49 недели платено породилно отсуство и просечна работна недела од 32,6 часа. И другите нордиски земји, исто така, се на повисоките места. Данска е шеста - со 35 дена празници и просечна работна недела од 32,5 часа. Се наведува и дека Холандија има најкратка просечна работна недела меѓу анализираните земји - со 30,5 часа, иако не е меѓу првите 10 држави.

На седмото место е Канада, благодарение на својот универзален систем за здравствена заштита, силната заштита на вработените за време на боледување и просечната работна недела од 35,2 часа. На осмото место е Австралија, со 30 дена законски празници, просечна работна недела од 32,29 часа и висока минимална плата.

Финска е на деветтото, Шпанија - на 10. место.

Од македонското поблиско соседство, Грција т.е. Атина се на место број 20, Романија и Букурешт - на 28-то, а Турција т.е. Анкара го зазедоа 48. место

Важно е да се напомни дека ваквите рангирања не го мерат само бројот на работни часови. ОЕЦД, на пр., го следи и годишниот број на вистински одработени часови, што е само еден дел од „поголемата слика“, забележува „Н-1“. Затоа земјите со добра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот генерално комбинираат пократко работно време, побезбедни услови за работа, подолги одмори и подостапна здравствена и семејна грижа. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата