Невестата се смее, гостите згрозени од потегот на младоженецот (ВИДЕО)

20.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Невестата се смее, гостите згрозени од потегот на младоженецот (ВИДЕО)

За време на презентацијата на тортата, на младенците им се нуди шампањ со кој треба да наздрават еден за друг, како и со нивните кумови и најблиските роднини, објави Њујорк Пост .

Сепак, еден таков настан, според многумина, тргнал наопаку за време на свадбата на Кол Хенеси и Кристал Ким од Хјустон, Тексас. Имено, брачниот пар направил свадба на езерото Комо во Италија, на која потрошиле голема сума пари - околу 200.000 долари бидејќи сакале сè да биде совршено. А потоа, за време на послужувањето шампањ, младоженецот го зел шишето и почнал да ја прска невестата.

Премногу ентузијастичниот младоженец се нашол на удар откако ја „искапил“ својата нововенчана сопруга, која била цела во меурчиња откако била полеана со шампањ. Многу гости го обвиниле дека ја уништил свадбата, но тој самиот не мисли така.

@ceciliaregina275 #wedding #weddingtiktok ♬ original sound - Dr. Cecilia Regina

Уште полудо во целата работа е што невестата цело време се смее, покажувајќи дека не ѝ пречи да биде посипана со шампањ. Видеото е објавено на социјалната мрежа „TikTok“, каде што може да се види дека невестата се обидела да му го возврати ударот. Многумина веруваат дека ништо од ова не е соодветно за самата локација и дека требало да го направат некаде на друго место.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата