Но, кратко пред големиот ден, сфатила дека не сака да се омажи за човекот со кој намеравала да се омажи, објави Дејли Меил.
Шивани Шарма Фостер испратила покани, го сошила фустанот и ги резервирала местото - сакала грандиозна свадба вредна околу 70.000 евра. Но, четири недели пред свадбата, британската невеста се откажала.
Која била причината? Таа немала вистински чувства кон својот вереник.
„Не можев повеќе да лажам“, вели таа.
Сонот за свадба се распаднал на моминската забава
Шивани пораснала во љубезно семејство во Лондон и сонувала за брак и деца уште од дете. Откако нејзината сакана тетка починала од рак, таа си поставила внатрешен ултиматум: сè мора да биде совршено до 30-годишна возраст.
Кога го запознала својот сега веќе поранешен вереник на 26 години, планот изгледал дека функционира, иако од самиот почеток чувствувала дека емоционалната врска се базира првенствено на надворешни очекувања.
Нејзиното момче Рохан ѝ предложил брак на грчки остров - со фотограф и луксузен фустан. Шивани рече „да“, но ноќта по свршувачката лежеа неподвижни еден до друг во креветот. Немаше бакнеж, немаше интимност.
На моминската забава на Ибица, таа конечно сфатила: „Не сакам брак без љубов“.
Таа ја откажала раскошната свадба преку СМС порака
Се врати во Лондон и одлучи да ја откаже свадбата - преку СМС порака. Неговиот одговор беше: „Што се случи на Ибица?“, но Шивани останала на својата одлука.