Некогаш беа нормални, денес се сè поретки: Што се случи со авантурите за една ноќ?

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Некогаш беа нормални, денес се сè поретки: Што се случи со авантурите за една ноќ?

Помалку алкохол, помалку спонтаност

Една од теориите која го објаснува падот на авантурите за една ноќ се поврзува со фактот дека генерацијата Z пие значително помалку алкохол од нивните претходници. Податоците од Националниот институт за злоупотреба на наркотици покажуваат дека потрошувачката на алкохол кај младите луѓе се намалува уште од 2000 година. Ова значи дека членовите на генерацијата Z, родени помеѓу 1997 и 2012 година, раснеле во средина каде што алкохолот не е толку доминантен дел од дружењето.

Помалку дружење во живо

Намаленото консумирање алкохол доаѓа поради промените во начинот на дружење.

Алкохолот, обично, е „социјален порок“, дури и за младите луѓе, па намаленото користење алкохол кај малолетниците би можело да се поврзе и со намаленото дружење во живо. Иако се чини дека ни намаленото пиење ни реткото излегување не се главна причина за избегнување на односите без обврска.

Вистинска причина – високите животни трошоци

Главниот виновник за намалените едновечерни авантури се всушност финансиите.

Новите податоци откриваат дека дури 51% од младите на возраст од 18 до 24 г. живеат во заедништво, било тоа да се родители или цимери, што значително ги намалува приликите за приватност. Поради растечките животни трошоци младите се присилени на компромиси кои директно се одразуваат на нивниот интимен живот.

Истражување на компанијата „Lovehoney“ покажува дека луѓето кои живеат со своите родители имаат секс во просек 35 пати годишно, што е речиси половина од националниот просек, кој изнесува од 68 пати.

Интересно е што недостатокот на партнерски секс се компензира на други начини - 42 проценти од оние кои живеат дома признаваат дека мастурбираат неколку пати неделно, што е 14 проценти над просекот.

Генерацијата Z често ја нарекуваат „здодевна“ бидејќи го сврте грбот на конзумеризмот, прекумерното пиење и брзата мода, па наместо тоа, се чини дека дава приоритет на личниот развој, благосостојбата и вистинските искуства.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата