Така, населението во Кина се намалува трета година по ред. Властите ги истакнаа демографските предизвици со кои се соочува втората најнаселена земја во светот - стареењето на населението и зголемениот недостиг на работоспособни луѓе.
Податоците објавени од владата во Пекинг ги следат трендовите ширум светот, но особено во Источна Азија, каде Јапонија, Јужна Кореја, Хонг Конг и други земји забележаа остар пад на наталитетот.
Причините во многу случаи се слични - зголемувањето на трошоците за живот ги тера младите да го одложат или откажат бракот и раѓањето деца додека се на високо образование и кариера. Иако луѓето живеат подолго, тоа не е доволно да се одржи наталитетот.
Во 2024 година, кинеската економија се прошири за пет отсто на годишно ниво - побавно од претходната година, но во согласност со целта на Пекинг за раст од околу пет проценти, помогната од силниот извоз и неодамнешните стимулативни мерки.
-Националната економија е стабилна, со одржлив напредок и нови достигнувања во висококвалитетниот развој, се вели во извештајот на Националниот завод за статистика.