Повеќе од една деценија откако го освои Гинисовиот рекорд за својот влакнест изглед, Супатра „Нат“ Сасупан од Тајланд го ослободи лицето од густата обвивка на влакна.
24-годишната девојка боледува од синдромот Амбрас – ретка форма на хипертрихоза, состојба што понекогаш се нарекува и „синдром на врколак“. Оваа болест предизвикува прекумерен раст на влакна и „дисморфични црти на лицето“, според Националната медицинска библиотека на САД.
Откако ѝ ја доделија титулата „највлакнеста тинејџерка во светот“, Гинисовата книга со рекорди објави дека има само околу 50 познати случаи од Средниот век наваму.
„Имаше некои што ме задевале и ми викаа ‘мајмунско лице’, но веќе не го прават тоа“
Во 2010 година, кога го доби признанието, Супатра изјави: „Не се чувствувам поразлично од другите, и имам многу пријатели во училиште. Влакнавоста ме прави посебна. Ова е најсреќниот ден во мојот живот!“
Можеби ве интересира: Стогодишен старец го собори Гинисовиот рекорд- 84 години работи за иста фирма (ВИДЕО)
Лекарите се обиделе со ласерски третмани да ги отстранат влакната што ѝ го покривале поголемиот дел од лицето, ушите, рацете, нозете и грбот, но тие се враќале сѐ погусти.
Нејзиниот татко, Самруенг, во 2012 година изјавил дека Супатра била самоуверена и активна девојка, и дека сакале луѓето да разберат дека е сосема нормално дете.
Сега е среќна и вљубена
Иако се помирила со болеста, Супатра изјавила дека сѐ уште се надева дека еден ден ќе биде излечена. „Имаше некои што ме задевале и ми викаа ‘мајмунско лице’, но веќе не го прават тоа. Навикната сум на состојбата. Не ги чувствувам влакната, бидејќи отсекогаш сум била ваква. Понекогаш ми пречат кога ќе станат долги и не гледам добро. Се надевам дека еден ден ќе бидам излечена.“
Иако сѐ уште ја има болеста, Супатра успеала да најде начин како да ја контролира – уште во 2018 година се појавија информации дека почнала редовно да го бричи лицето за да ја намали влакнавоста.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи, таа е речиси непрепознатлива без густиот слој на влакна на лицето. Судејќи по нејзините последни објави на Фејсбук, изгледа дека сѐ уште се придржува до тој режим.
Во последно време, Супатра споделува и фотографии со нејзиниот нов партнер, со кого, според објавите, е во врска последните седум месеци.
Иако хипертрихозата е многу ретка, таа не е единствената што живее со оваа состојба – и едно семејство од Малезија чие дете ја има истата болест јавно зборуваше за своето искуство, како и едно момче од Индија со слична состојба, пренесува ЛедБајбл.
Можеби ве интересира: Американка го урна Гинисовиот рекорд-има најголема уста на светот (ВИДЕО)