Најстариот Универзитет во Белгија ја доби првата жена ректор во својата историја

21.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најстариот Универзитет во Белгија ја доби првата жена ректор во својата историја

Со ова, Вермеир стана првата жена на чело на овој највисоко рангиран универзитет во Белгија во неговата 600-годишна историја. 

Вермере беше избрана за ректорка во вториот круг на гласање со освоени 51,9 отсто од гласовите. Противкандидат за функцијата и беше исто така жена - Тине Белманс. Инаку, во првиот круг на гласање, одржан минатата недела, Вермере и Белманс освоија повеќе гласови од единствениот маж во трката за ректор на КУЛ. 

Новоизбраната ректорка на КУЛ е експерт за дигестивниот тракт. Таа дипломирала на КУЛ, каде што и работи повеќе од две децении. Во моментов Вермере е координатор на Истражувачката група за биомедицински науки на Универзитетот. 

Вермере ќе ја преземе ректорската функција на 1 август од сегашниот ректор Лук Селс. 

Католичкиот универзитет во Лувен е основан во 1425 година и на него во моментов студираат околу 65.000 студенти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата