Над 60 проценти од жителите на ЕУ лани купувале онлајн

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 60 проценти од жителите на ЕУ лани купувале онлајн

Од вкупно 240-те статистички региони на ЕУ, во 23 преку интернет купувале најмалку 80 отсто од тамошните жители. Меѓу нив спаѓаат сите 12 региони во Холандија и сите три во Ирска, потоа три од четирите региони во Данска, три во Шведска, како и чешкиот регион Прага.

Највисока стапка од 91,5 отсто се бележи во холандскиот регион Утрехт, по што следува соседниот Флеволанд со 89,5, пред северниот и западниот ирски регион со по 88,3 проценти.

Стапка на онјалн купување од 60 до 80 отсто има во цела Естонија, Кипар, Луксембург, Малта, Словачка, Финска и континентална Франција, во цела Германија, со исклучок на Саксонија, во цела Австрија, со исклучок на Штаерска, во преостанатите делови на Данска, Чешка и Шведска, во девет региони на Белгија, пет во Унгарија, четири во Шпанија, три во Полска и во грчкиот регион што ги опфаќа островите во Егејското Море.

Од 40 до 60 проценти удел има во преостанатите делови на Белгија, Грција, Полска, Унгарија и Шпанија, потоа во цела Летонија, Литванија, континентална Португалија, Словенија и Хрватска, во северна и централна Италија, два региони во Романија, југозападниот регион на Бугарија, како и во Саксонија и Штаерска.

Под 40 отсто удел на жители влучени во онлајн трговијата има во јужна Италија, преостанатите делови на Бугарија и Романија, на португалските острови Азори и Мадеира и во француските прекуморски територии.

Најмал процент на жителите кои купуваат преку интернет од 21,7 отсто има во југоисточниот бугарски регион, пред францускиот карипски остров Гвадалупе со 24,2 и регионот Северозападна Бугарија со 24,9 проценти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата