На папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

14.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На папата Лав  XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

71-годишниот папа  бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде  му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови.

„Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“.

Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил.

Папата  во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата