Можеби најморничава тема во неговите четворостихови е сенката на војна. Во еден запис каде што се спомнува дека „Марс владее меѓу ѕвездите, а светилиштата се облеани со крв“, современите толкувачи гледаат предвидување за можен Трет светски војна.
Истражувања на Атлантскиот совет и корпорацијата „RAND“ проценуваат дека постои до 30% ризик од голем глобален конфликт до 2026 година.
Можеби ќе ве интересира: Индискиот Нострадамус ги откри најсреќните и најопасните датуми до крајот на 2025.
Се зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец, војната во Украина продолжува, а триењето меѓу НАТО и Русија ја потхранува оваа загрижувачка нарација.
Нострадамус напишал:
„Кога Марс ќе го владее својот пат меѓу ѕвездите, човечка крв ќе го попрска светилиштето. Три огнови ќе се издигнат од источните страни, додека Западот ќе го изгуби своето светло во тишина.“
Овие редови се поврзуваат со појавата на нови сили на Истокот, додека „Западот што го губи своето светло“ се толкува како пад на западното влијание и стабилност.
Францускиот астролог, исто така, предвидел нови војни, чума и небесна огнена топка што паѓа од небото – што некои го сметаат за астероид или атомска бомба.
Марс, симбол на војната и агресијата, означува период обележан со насилство, а „човечка крв ќе го попрска светилиштето“ сугерира страдање дури и во свети или заштитени места.
„Трите огнови“ што се издигаат од Исток често се толкуваат како конфликти или подем на моќни нации во Азија, додека „замрачувањето на Западот“ симболизира ослабена моќ или влијание.
Кој бил Нострадамус
Нострадамус бил француски лекар, астролог и пророк.
Како лекар, стекнал искуство во лекување на жртви на чума, што му донело углед и признание. Подоцна станал познат по своите астролошки и пророшки дела, особено по книгата „Пророштва“ (Les Prophéties), првпат објавена во 1555 година.
Ова дело содржи 942 поетски четворостихови, напишани во загатлив и алегориски стил, кои опфаќаат теми како војни, природни катастрофи, политички преврати и општествени промени.
Нострадамус често се спомнува дека „предвидел“ големи историски настани – подемот на Адолф Хитлер, Француската револуција и убиството на Џон Ф. Кенеди – иако повеќето толкувања се направени ретроспективно.
Космичка закана и исцрпени ресурси
Во неговите записи се спомнува и космичка опасност:
„Од космосот ќе се издигне огнена топка, гласник на судбината; светот ќе моли. Науката и судбината во космички танц — судбината на Земјата, втор обид.“
Некои ова го толкуваат како астероид или комета, а други како атомска експлозија, симбол на спојот меѓу науката и судбината.
Нострадамус, исто така, предвидел дека ресурсите ќе пресушат, сценарио што застрашувачки се совпаѓа со сегашната ситуација во Украина.
Тој напишал: „По долга војна, војската е исцрпена, нема злато за војниците; наместо тоа, ќе користат кожа, бакар и симболот на месечината.“
Ова се поврзува со денешните извештаи дека војниците во долготрајните конфликти се исцрпени, а финансиските ресурси се на крај.
Со намалената американска помош, европските сојузници се принудени да го пополнат јазот, што создава дополнителен притисок врз веќе оптоварените сојузи.
Војни, чуми и катастрофи
Нострадамус предвидел дека по една војна ќе избие нова во Англија, проследена со смртоносна чума:
„Кралството ќе биде обележано со сурови војни, непријатели одвнатре и однадвор ќе се кренат. Голема чума од минатото се враќа, нема поопасен непријател под небото.“
Некои ова го толкуваат како последица на Брегзит или можен конфликт поврзан со монархијата.
Тој, исто така, предвидел климатски катастрофи во Бразил, домот на Амазонската прашума:
„Градината на светот близу новиот град, по патот на шупливите планини: ќе биде заробена и потопена, принудена да пие води отровени со сулфур.“
Нов таинствен лидер
Повторлив мотив кај Нострадамус е подемот на таинствен лидер кој ќе воспостави „водено царство“ – што некои толкувачи го сметаат за симбол на нови политички сојузи или поморски сили во глобалната геополитика, сè порелевантно во денешниот непредвидлив свет.
Пишува: Дејли Мејл