Многумина избираат вакви кујни, а дизајнерите ги сметаат за најлоши

10.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Многумина избираат вакви кујни, а дизајнерите ги сметаат за најлоши

Кујнските елементи и работните површини даваат најголем естетски печат на секоја кујна, а нивните стилови се менуваат со голема брзина. На пример, целосно бела кујна беше апсолутен хит до неодамна, додека денес многу дизајнери ја сметаат за застарена

„Луѓето сакаат варијации, нешто што им изгледа природно и специфично за нив и нивното семејство“, додава тој. Подолу ви претставуваме седум трендови на кујнски елементи и работни површини кои во 2026 г. излегуваат од мода во 2026 година и идеи со што да ги замените, пишува порталот The Kitchn.

Црно-бели контрасти

Високиот контраст со црна и бела боја, полека ја губи популарноста. „Иако безвременски, тој стил делува малку стерилно за сопствениците на домови кои копнеат по топлина“, вели Ребека Марфи, ко-основач и архитект во Murphy & Moore Designs. „Денешните клиенти повеќе ги привлекуваат простории со поголема длабочина и приказна“.

Наместо остри контрасти, популарно станува слоевитото нижење на тонови, како што се орманчиња обоени во топли неутрални нијанси, меки глинени тонови, со пригушена зелена или сина боја.

Целосно бели кварцни плочи

Иако се лесни за одржување, целосно белите кварцни плочи повеќе не се прв избор бидејќи можат да направат кујната да делува негостољубиво и безлично. Наместо тоа, дизајнерите препорачуваат површини со нежни жилички или суптилна текстура, кои делуваат поорганско и поатрактивно.

Бели мермерни плочи

Истото важи и за белите мермерни плочи. Сопствениците на домови се пореални во однос на одржувањето, тие бараат трајни решенија, кои не ги прават нервозни додека го живеат својот живот. Љубителите на мермер сега се свртуваат кон посмели плочи со драматични шари и впечатливи бои.

„Чоколадните кафеави тонови ќе бидат присутни уште некое време, заедно со другите текстури со зелени, теракота или вински тонови засновани на неутрални бои“, додава Бред Тортон, основачот на Thorton Projects, нагласувајќи ја идејата дека кујната покрај што има своја функција, не треба да изгледа безлично.

Кујнски елементи со висок сјај

Во ерата во која доминираат потопли бои, кујнските елементи со висок сјај делуваат ладно и стерилно. Иако површината што рефлектира светлина, прави просторот да изгледа поголем и посветол, топлите дрвени елементи ѝ даваат душа на кујната.

 Кујнски елементи што се отвораат на допир

Иако се практични, минималистичкиот модерен стил е во опаѓање. Наместо тоа, дизајнерите советуваат да додадете рачки. Според Торнтон, „рачките се накитот во кујната“, нелакираниот месинг со малку патина го прави просторот да делува населено.

Стандарден тип на елементи

Едноставните елементи без архитектонски детали, често во бела боја, масовно се произведуваат и вградуваат во новите домови. Според Бритни Батон од Ателје Батон, „им недостасува дизајнерски шарм. Таа советува да се додадат дрвени летвички и да се обојат во нежна крем боја.

Таа предлага да се изберат кабинети со класичен дизајн на вратички и интересен оков. „Во моментов навистина ми се допаѓаат проѕирните стаклени шкафчиња, особено како горни елементи, бидејќи ме потсетуваат на изглед на некој дворец од Обединетото Кралство“.

Отворени полици

„Иако можеби изгледаат убаво на фотографиите, отворените полици како главна површина за складирање се нешто на кое повеќето луѓе жалат“, вели Тортон. Освен ако не сте исклучително организирани, таквиот концепт бара постојано редење на садовите и често бришење прашина. Наместо тоа, паметните решенија за складирање стануваат сè попопуларни.

„Обожавам да поврзувам работи како, елементи за апарати во домаќинството и аголни механизми на извлекување кои максимално го искористуваат просторот“, вели Тортон. „Практичноста е ултимативен луксуз.“

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата