Масажа со „сукала“ против целулит: Почнете и ќе бидете задоволни!

25.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масажа со „сукала“ против целулит: Почнете и ќе бидете задоволни!

Иако мадеротерапијата како техника за масажа потекнува од Јужна Америка, последниве години го освои целиот свет. Се заснова на употреба на посебен дрвен алат, најчесто валјаци кои потсетуваат на мали сукала. Токму тие дрвени масажери овозможуваат посилен и попрецизен притисок  од класичната масажа помагајќи во разбивањето на масни наслаги и подобра циркулација.

Благодарение на специфичниот облик, дрвените „сукала“ го стимулираат лимфниот систем и го поттикнуваат исфрлањето вишок течност од организмот. Резултатот е затегната кожа, видливо намален целулит и подобри контури на телото.

Какви „сукала“ се користат во мадеротерапијата?

Во мадеротерапијата се користат посебни дрвени алатки со различен облик и големина. Најпознати се валјаците кои потсетуваат на мали сукала, но постојат и модели со запци, коцкести валјаци и посебни алатки за лимфна дренажа.

Најчесто се изработуваат од природно дрво, бидејќи е цврсто, издржливо и пријатно за кожата. Различни облици служат за различни делови од телото – некои се наменети за стомакот и бутовите, додека помалите се користат за раце или грб. Токму комбинацијата од повеќе алатки овозможува масажата да делува подлабоко во ткивото и поефикасно да го разбие целулитот.

Колку време трае третманот?

Еден третман трае помеѓу 30 и 60 минути, во зависност од делот што се третира. На пример, масажа на бутините и задникот може да трае околу 30 мин., додека третман на цело тело трае и подолго.

Правилна употреба на „сукалата“ во мадеротерапијата

Подготовка на кожата - пред третманот обично кожата се мачка со масло. Тоа овозможува да нема триење, го намалува ризикот од иритација и ја зголемува ефикасноста на масажата.

Правилна положба и притисок. Сукалото се држи цврсто, не прејако – целта е стимулација на ткивото, а не болка.  

Движењата треба да бидат долги и ритмички, во една насока, следејќи ја линијата на мускулите и лимфниот тек.

Насока на масажата – Масажата ја следи насоката на лимфната дренажа: од периферијата кон центарот на телото(пр., од колената кон препоните, од раката кон градите). Овој пристап му помага на телото полесно да го исфрли вишокот течности и токсини.

Различни алати за различни делови на телото. Поголемите валјаци се за бутините и стомакот, помалите се попрецизни за раце, колена и внатрешна страна на бутините.

Назабените или коцкести алатки се за поинтензивен третман на целулитот.

Завршен дел од третманот: На крај, кожата благо се масира со раце, а по потреба се користи млака вода или лесно раздвижување на телото за подобра циркулација.

Колку често се прави?

Стручните лица препорачуваат мадеротерапија два до трипати неделно за да се постигнат видливи резултати. Редовноста е важна бидејќи третманот ја стимулира циркулацијата и лимфниот систем, па на организмот му е потребен континуитет за да почне да го исфрла вишокот течности и токсини.

Со овој ритам, кај повеќето жени, телото помеѓу третманите има доволно време да реагира на стимулацијата.

Кога се видливи првите резултати?

Првите промени ќе ги забележите после неколку третмани, доколку се прават во континуитет за време од неколку недели. Ефектот е најдобар ако мадеротерапијата се комбинира со правилна исхрана, внесување доволно вода и физичка активност.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата