Мајката на најбогатиот човек во светот спие во гаража: „Мене ми е добро“

19.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајката на најбогатиот човек во светот спие во гаража: „Мене ми е добро“

Мајката на Илон Маск, 78-годишната Меј Маск, откри дека понекогаш спие во гаражата кога го посетува својот син во Тексас.

За жена која со децении е присутна во јавноста и која го одгледала еден од најпознатите светски милијардери, ваквиот начин на живот можеби изгледа необично, но за неа тој е сосема нормален.

Меј Маск вели дека луксузот никогаш не ѝ бил приоритет. Таа израснала кампувајќи во пустината Калахари, па скромните услови за живот не се ништо ново за неа.

„Ако имам кауч или душек на подот, сосема ми е добро“, изјави таа во интервју за „Њујорк пост“.

При посетите на „Старбејс“ во Тексас – комплекс поврзан со развојот на ракети и операциите за лансирање на компанијата „Спејс-икс“ (Space Exploration Technologies Corp.) – гаражата станува местото каде што таа спие.

Меј претходно изјави дека поседувањето конвенционален луксузен дом во непосредна близина на ракетната база не е практично.

Нејзината животна приказна е далеку од едноставна. По разводот од Ерол Маск, таа сама ги одгледала трите деца – Илон, Кимбал Маск и Тоска Маск – додека истовремено работела на повеќе работни места.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата