Мајка нарачала да ѝ ја убијат ќерката (12) зашто „лошо се однесувала“, побарала ужасен начин

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајка нарачала да ѝ ја убијат ќерката (12) зашто „лошо се однесувала“, побарала ужасен начин

Девојчето случајно го слушнало разговорот меѓу нејзината мајка и платениот убиец, по што сè пријавила во полиција, објави Тудеј.

Според информациите објавени од локалните медиуми, 36-годишната мајка се обидела да ангажира познаник да ја убие нејзината ќерка за пари, така што ќе ја удави во блиската река. Мотивот, како што признала во полицијата, бил тоа што била „уморена од лошото однесување на детето“ и преоптоварена со грижата за домаќинството и за другите три деца.

Се вели дека девојчето се спасило слушајќи го разговорот низ отворената врата. Таа успеала да открие што преговарала нејзината мајка со човекот на кого му нудела пари за да го изврши убиството.

После тоа, таа отишла сама кај соседот на кого му раскажала сè. Соседот прво ја пречекал во куќата, ја сослушал, а потоа ја однел во полициската станица.

Осомничениот маж, исто така на 36 години, негирал дека прифатил да го извршил убиството. Полицијата веднаш реагирала, а мајката била уапсена. Таа се соочува со казна затвор до 15 години за обид за организирање убиство на малолетно лице и обид за ангажирање платен убиец.

Мајката не ги негирала обвинувањата, туку се обидела да ги оправда со однесувањето на нејзината ќерка.

По апсењето, сите малолетни членови на семејството - девојчето, нејзините 17-годишни и 6-годишни браќа - се отстранети од куќата и предадени на старатели. Најстариот син, кој е полнолетен, долго време не живеел во семејната куќа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата