Луѓе со овие 5 професии најчесто даваат отказ

23.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луѓе со овие 5 професии најчесто даваат отказ

Еден од првите чекори за промена на работата е пребарувањето на Интернет. Пребарувањата од типот „Како да се промени кариерата“, или „Сакам да дадам отказ“, се исклучително чести, и токму овие пребарувања ги анализирала компанијата Profit Engine со цел да открие во кои дејности владее најголемо незадоволство. Причините најчесто се огромниот притисок, стресот, ниските плати и недостатокот на поддршка.

Негуватели во здравството

На прво место е помошниот медицински персонал, медицински асистенти до персоналот задолжен за хигиената. Иако вршат исклучително важна и тешка работа, честопати се слабо платени и недоволно ценети.

Според наводите на Profit Engine, овие работници даваат исклучително тешка поддршка, физичка и емоционална, на ранливите групи, со минимална институционална помош, изложени се на болести и емоционално се исцрпени.

Учители

Емоционалниот стрес е главна причина поради која наставниците размислуваат за промена на кариерата. Освен со настава, тие секојдневно се занимаваат со планирање на часовите, оценување, комуникација со родителите и прекумерни административни обврски. Покрај тоа, често се недоволно платени и работат подолго од стандардното работно време.

Медицински сестри

Годините работа во кризни услови, особено за време на пандемијата, оставија сериозни последици врз овие лица. Недоволниот персонал, работата во смени и нарушениот баланс помеѓу приватниот живот и работата, доведоа до тоа сè повеќе медицински сестри да бараат излез од оваа професија.

Лекари

Иако имаат високи плати, ни лекарите не се имуни на незадоволството. Покрај стресот и одговорноста сè повеќе време трошат справувајќи се со бирократијата, што дополнително ги доведува до исцрпеност и фрустрација.

Адвокати

Истражувањето покажало дека долгиот работен ден, натпреварувачката околина и постојаниот притисок доведуваат сериозна исцрпеност кај адвокатите, особено оние кое се занимаваат со корпоративно право. Ни високата заработка не може да ја надомести цената што ја плаќаат со здравјето и приватниот живот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата