Лажен инвалид половина век примал пензија- од Италија добил дури милион евра

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лажен инвалид половина век примал пензија- од Италија добил дури милион евра

Седумдесетгодишниот маж примал инвалидска пензија од 1972 година, објави ТВ Раи. Финансиската полиција го следела повеќе од два месеци и го снимала како работи во градината, користејќи опасни алатки како што се градинарски ножици и машини за сечење жива ограда без ничија помош.

Лицето со лажен инвалидитет подоцна било снимено како пазарува во супермаркет, каде што внимателно избирал овошје и зеленчук и ја плаќал стоката во готово, според Раи.

По истрагата, финансиската полиција ги известила надлежните служби веднаш да ја суспендираат исплатата на инвалидската пензија и сите други социјални бенефиции на осомничениот.

Потоа, регионалното обвинителство во Венето поднесе обвинение против лицето со лажен инвалидитет, обвинувајќи го за измама, објави ТВ Раи.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата