Лабрадорот во видеото покажа како може да „гледа низ чинии“ и да погоди броеви. Да, добро прочитавте, бидејќи ова паметно куче може да ги препознае домино броевите скриени под покриените чинии што неговиот сопственик ги движи во различни насоки.
Кучето прво ги гледа домината од неговата десна страна, на кои се обоени точки со броевите од 1 до 6, а потоа ги гледа истите предмети што стојат пред него. Потоа сопственикот ги покрива домината со чинии и ги поместува неколку пати за да му биде потешко на кучето да ги препознае.
Сепак, миленичето секогаш избира одредено покриено домино кое сопственикот го поставува пред отворените предмети со броеви. Кога кучето ќе заврши со погодувањето, сè што останува е сопственикот да ги земе чиниите и да ги покаже броевите, кои потоа ги споредува.
Можете да го погледнете фасцинантното видео од кучето- волшебник, кое погодува објавено на Инстаграм профилот на bayasaa7977 под овој текст.